На ден 28.12.2016 година(Среда) во 17:30 часот во просториите на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Кучевиште, ќе се организира Новогодишен Базар, кој се надеваме дека ќе Ви остави добар впечаток и ќе Ви се допадне. Свое претставување ќе имаат учениците и наставниците кои ќе понудат во продажба традиционални и современо рачно изработени предмети, подароци за престојните празници, новогодишни честитки, предмети од керамика, накит, рачно изработена хартија, модни додатоци, додатоци за дома, дрвени предмети и др… Собраните средства ќе бидат наменети за црквата „Св.Петка“ во с.Кучевиште.
Повелете, ве очекуваме!
Директор
Дарија Ковачевиќ Божиновска