Распоред за додатна и дополнителна настава за месец јануари

Распоред за додатна и дополнителна настава за месец јануари, за учениците од II-V одделениеРаспоред за дополнителна настава за месец јануари, за учениците од VI-IX одделениеРаспоред за додатна настава за месец јануари, за учениците од VI-IX одделение

Новогодишен Базар

stock-vektor-af-julen-ramme-med-gran-grene-og-guld-og-gr-nne-kugler-rpzuyl-clipartНа ден 28.12.2016 година(Среда) во 17:30 часот во просториите на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Кучевиште, ќе се организира Новогодишен Базар, кој се надеваме дека ќе Ви остави добар впечаток и ќе Ви се допадне. Свое претставување ќе имаат учениците и наставниците кои ќе понудат во продажба традиционални и современо рачно изработени предмети, подароци за престојните празници, новогодишни честитки, предмети од керамика, накит, рачно изработена хартија, модни додатоци, додатоци за дома, дрвени предмети и др… Собраните средства ќе бидат наменети за црквата „Св.Петка“ во с.Кучевиште.

Повелете, ве очекуваме!

 

Директор

Дарија Ковачевиќ Божиновска

Забрана на продажба на учебници

Директорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј” с. Кучевиште Ви укажува на доследно спроведување на одредбите од Законот за основното образование, каде во училиштата односно на вработените им се забранува продажба на учебници, списанија и друга литература. Исто така се забранува собирање на парични средства од страна на ученици и вработени во основните училишта во спротивност со законите и други акти кои се во сила. Согласно член 172-а став 3 алинеја 7 од Законот за основното образование: “глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на наставникот за прекршокот -ако врши продажба на учебници, списанија и друга литература во основните училишта”.

Соопштение

Директор

Дарија Ковачевиќ Божиновска