Новогодишен Базар

На ден 28.12.2016 година се одржа Новогодишниот Базар каде што учениците, родителите и наставниците активно го земаа своето учество,  при што собраните средства како што претходно беше наведено се донираа за црквата „Св. Петка“ во с.Кучевиште.

scan

Деловник за работа

delovnik

На ушилишниот одбор при ОУ “св. Кирил и Методиј” с. Кучевиште

Врз основа на член 71 од статутот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ с. Кучевиште училишниот одбор на седницата одржана на ден 30.08.2016 год. донесе

ДЕЛОВНИК

За работа на училишниот одбор при ОУ  „Св.Кирил и Методиј“ с.Кучевиште

ОПШТИ ОДРЕДБИ

член 1.

Со овој деловник се утврдува работата на училишниот одбор при ОУ „Св.Кирил и Методиј“ с. Кучевиште

член 2.

Одредбите од овој деловник за работа ќе ги применуваат членовите на Училишниот Одбор и други присутни лица.

член 3.

Училишниот одбор расправа и одлучува по прашања во врска со работата на училиштето (дејност) кои во негова надлежнот се утврдени со Закон, подзаконски акти и нормативни акти на училиштето.

член 4.

Претставниците на јавните гласила можат да присуствуваат на седницата на Училишниот Одбор и да ја известуваат јавноста за одредени прашања кои би биле од интерес за пошироката јавност, како и од интерес за училиштето.

член 5

По правило, на седниците на училишниот одбор присуствуваат само членовите на училишниот одбор кои работат и одлучуваат по дневниот ред, но за одредени прашања, на седницата можат да бидат поканети да присуствуваат или да земат учество и директорот, секретарот, претставници на синдикатот како и други вработени доколку е тоа поврзано со природата на прашањето кое се разгледува на седницата на училишниот одбор, а за тие можат да дадат дополнителни објаснувања.

член 6

Орган на управување во училиштето е училишниот одбор.

Училишниот одбор брои 9 члена и тоа: 2 претставника од основачот, 3 претставници од родителите односно старателите на учениците, 3 претставници од наставниците и 1 претставник од Министерството за образование и наука. Претставниците на родителите односно старателите на учениците, од основачот и од Министерството не можат да бидат именувани односно избирани од редот на вработените во училиштето.

Претставниците на основачот ги именува односно разрешува Советот на општината.

Претставниците на родителите, односно старателите на учениците ги именува односно разрешува Советот на родителите, претставниците на наставниците ги именува и разрешува наставничкиот совет на училиштето, претставникот од Министерството го именува и разрешува Министерот.

Членовите на училишниот одбор, освен претставниците од родителите на учениците се именуваат за период до завршувањето на основното образование на нивното дете.

 

КОНСТИТУИРАЊЕ НА УЧИЛИШНИОТ ОДБОР

 член 7.

Мандатот на членовите на училишниот одбор започнува од неговото конституирање.

Конституирањето се извршува по избор на членовите на училишниот одбор и истекот на мандатот на членовите на поранешниот состав на училишниот одбор. Членовите на училишниот одбор освен претставниците на родителите се именуваат за период од 3 години со можност за повторен избор.

До изборот на претседател на училишниот одбор седницата ја свикува и со неа раководи најстариот член на одборот, а доколку постои училишен одбор претседателот од претходниот состав. На конститутивната седница училишниот одбор покрај претседател избира и заменик.

Претседател, заменик претседател и комисии како помошни тела на училишниот одбор се избираат по пат на предлог со јавно гласање.

ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ

член 8.

 

член 9

Членовите имаат право да бараат од надлежните службипотребни објаснувања, информации и материјали во врска со работата на училишниот одбор.

Соодветните служби како и лицето на раководно работно место должни се да одговараат на поставените прашања на истата седница, но доколку тоа не е можно должни се да одговорат на правата наредна седница.

Членот на училишниот одбор е дочжен да присуствува на секоја седница, во случај на спреченост да присуствува на седницата треба да го извести претседателот или неговиот заменик.

Членовите имаат право да предложат одржување на седница и право да предложат и точка за дневен ред на седницата.

член 10

Членот на училишниот одбор е должен активно да ја врши својата функција, да се подготвува за седниците, јасно да ги изнесува мислењата, ставовите и прадлозите на органот кој го избрал за член во училишниот одбор, како и да гласа по одредени ставови, заклучоци и активно да учествува во донесувањето на одлуките од страна на училишниот одбор.

член 11

Секој член на училишниот одбор е должен да го почитува пропишаниот ред на седницата. За повреда на пропишаниот ред на седницата на членот можат да му се изреччат мерки пропишани со овој деловник.

ПОДГОТВУВАЊЕ НА СЕДНИЦИТЕ

член 12

Седницата на одборот се свикува по потреба, но најмалку еднаш на три месеци.

 член 13

Седниците на училишниот одбор ги свикува и со нив раководи претседателот или заменикот претседател на училишниот одбор.

Седниците на училишниот одбор ги свикува претседателот на одборот и тоа:

– по своја иницијатива;

– по барање на директорот;

– по барање на една третина од вкупниот број членови на училишниот одбор;

– по барање на една третина од вкупниот број вработени во училиштето;

– по барање на Советот на родители во училиштето.

Седницата на училишниот одбор ги свикува членовите најмалку три дена пред одржувањето на седницата со писмена покана која содржи:

– време и место на одржување;

– предлог дневен ред;

– евентуален материјал по дневниот ред.

По потреба седница на училишниот одбор може да биде свикана и во исклучително кратки рокови.

член 14

Предлогот на дневниот ред на седницата гоутврдува претседателот на училишниот одбор во соработка на директорот и секретарот на училиштето.

член 15

Целокупниот материјал кој се однесува на седницата го изготвува секретарот на училиштето во соработка на претседателот на училишниот одбор и директорот научилиштето.

ТЕК НА СЕДНИЦИТЕ

член 16

На седницата на училишниот одбор претседава претседателот, а во случај на негово отсутство неговиот заменик.

Училишниот одбор може да одржи седница само ако се присутни повеќе од половина од членовите.

Ако нема доволен број членови за одржување на седницата, седницата се одложува и другиот состанок се закажува усно.

член 17

По констатирањето на мнозинство присутни членови на состанокот, претседателот на одборот го отвора состанокот и го чита дневниот ред, ги повикува членовите да се изјаснат по него или да дадат свои предлози за евентуални измени или дополнувања на дневниот ред.

Пред да се премини на претрес по дневниот ред се усвојува записникот од претходната сеница со или без забелешки по истиот.

член 18

За предлозите утврдени во дневниот ред се одлучува со јавно гласање.

При одлучувањето прво се гласа за предлозите утврдени во дневниот ред, потоа за предлозите дадаени на седницата и тоа по оној редослед по кој се дадени.

член 19

Претседателот на одборот дава збор на членовите за дискусија. Доколку оцени дека расправата по одредени точки ќе трае подолго време може да ја ограничи дискусијата и да не дозволи повторно учество во дискусијата.

член 20

По исцрпувањето на дискусијата претседателот формира заклучок кој го поставува на гласање.

 член 21

Гласањето е јавно доколку поинаку не е пропишано со закон или доколку поинаку не одлучи училишниот одбор.

Јавното гласање се врши со кревање на рака.

Гласањето може да се врши со поименична прозивка по азбучен ред на презимето и изрично изјаснување на членовите, при што прво се изјаснува претседателот а потоа останатите членови.

Тајното гласање се врши по пат на гласачки ливчиња со обезбедување на услови за такво гласање и со формирање на тричлена комисија.

По завршување на јавното односно тајното гласање претседателот го утврдува резултатот од гласањето и го соопштува на членовите со што назначува дали одреден акт за кој се гласало е донесен или не.

Гласовите од јавното или од тајното гласање се запишуваат во записникот.

член 22

Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на одборот кои имаат право на одлучување и гласање.

член 23

Седницата на училишниот одбор се прекинува во следните случаи:

– поради одмор во текот на седницата;

– доколку од одредени причини во текот на седницата се намали бројот на членовите со кој се обезбедува полноважност на одлучувањето;

– кога доаѓа до посериозно нарушување на редот во текот на седницата, а претседателот не е во можност одново да воспостави атмосфера за работа;

– кога поради должината на времетраењето на седницата истата не е возможно да заврши истиот ден;

– седницата ја прекини претседателот по негова иницијатива при што поднесува образложение за прекинот. Прекинатата седница продолжува најдоцна до три дена од денот на прекинувањето.

член 24

Од седницата на одборот се води записник. Записникот го води секретарот на училиштето. Во одредени случаи со претходно известување на претседателот на одборот записникот го води лице овластено од страна на секретарот. Во записникот се запишува терминот на одржување на седницата, бројот на присутните, односно отсутните членови, дневниот ред, во кратки црти од дискусиите, предлози, заклучоци и одлуки. Записникот го потпишуваат претседателот и записничарот.

член 25

По завршениот претрес и по одлучувањето по сите прашање кои се на дневен ред, претседателот јавно објавува дека седницата е завршена.

ОДРЖУВАЊЕ РЕД НА СДНИЦАТА

член 26

Редот на седницата го одржува претседателот на одборот. Ако некој од членовите на одборот или друго лице ја попречува работата на одборот претседателот ќе го опомени. Ако по опомената лицето продолжи со попречувањето на работата, претседателот ќе го замоло да ја напушти седницата. Доколку не се отстрана пречките за нормална работа, претседателот ќе ја прекина седницата за 15 минути или ќе ја презакаже седницата за друг термин.

член 27

Со одобрение на претседателот на одборот, на седницата може да присуствуваат заинтересирани вработени или други лица.

ПРЕДВРЕМЕНО ПРЕСТАНУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ЧЛЕН НА УЧИЛИШНИОТ ОДБОР

член 28

Мандатот на член на училишниот одбор може да престане и пред истекувањето на неговиот мандат.

– по негово барање,

– со престанок на работниот однос на членовите именувани од редот на наставничкиот совет на училиштето,

– со престанок на статусот на родител на редовен ученик,

– ако член на одборот биде два пати исклучен од седницата или трипати неоправдано отсутен од седница ќе се покрене постапка за негово отповикување и избирање на нов член,

– отповикан од органот кој го именувал.

АКТИ НА УЧИЛИШНИОТ ОДБОР

член 29

Училишниот одбор донесува одлуки, решенија, заклучоци, препораки, мислење, предлози и др.

– го донесува Статутот на училиштето;

– предлага годишна програма за работа на училиштето и извештај за работата на училиштето до советот на општината;

– прелага финансиски план до основачот;

– предлага завршна сметка до основачот;

– објавува јавен оглас за избор на директор на училиштето;

– врши интервју со кандидатите за директор;

– предлага до градоначалникот еден односно двајца кандидати од пријавените кандидати на објавениот оглас за директор;

– дава мислење до директорот за избор на наставниците, стручни соработници и воспитувачи;

– поднесува предлог до директорот за престанок на работниот однос на наставници, стручни соработници и воспитувачи;

– одлучува по преговорите и жалбите на вработените во училиштето;

– одлучува по жалбите на ученици, родители односно старатели на учениците;

– го разгледува успехот и поведението на учениците и превзема мерки за негово подобрување;

– разгледува извештај од пописната комисија за извршен попис на крајот од годината;

– разгледува и други прашања утврдени со Статутот на училиштето.

Училишниот одбор со одлука одлучува за донесување на статутот и негови измени и дополнувања, Годишна програма за работа на училиште, Финансов план, жалби на оценки што го добиваат наставниците, стручните соработници и воспитувачите , Годишна сметка и др.

Со решенија се одлучува за: распишување на конкурс за директор на училиштето, по приговори за вработени (наствници, стручни соработници и воспитувачи) за одредени прашања и др.

Со заклучоци и препораки се одлучува за: Именување и разрешување на директор на училиштето, за избор на наставници, стручни соработници и воспитувачи и други прашања кои се во интерес на работата во училиштето.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТАТА НА УЧИЛИШНИОТ ОДБОР

 член 30

Одлуките кои се донесуваат на Училишниот Одбор се истакнуваат на огласна табла во училиштето, односно се доставуваат до работниците кога е тоа потребно како и до органи и тела на организции и установи.

член 31

Училишниот Одбор е должен еднаш годишно да поднесе извештај за својата работа пред вработените како и целокупниот извештај за својот мандат пред конституирањето на новиот Училишен Одбор.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

член 32

Прашањата кои не се опфатени со овој Деловник, а се регулирани со други акти во училиштето, ќе се решаваат како што е предвидено во истите или како што е регулирано со закон.

Измени и дополнувања на Деловникот се вршат по пат и начин како што и е донесен.

Деловникот за работа на одборот ќе се применува со неговото усвојување од одборот на училиштето.

Датум                                                                                                                                 Претседател на училишниот одбор

———————————-                                                                                      ———————————————–

 

ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2016

Врз основа на член 26 став 1 и 2 од Законот ја јавните набавки (“Службен весник на Р.М.” бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11,15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 111/14, 130/14, 180/14 , 78/15, и 192/15), Директорот на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Кучевиште го донесе следниот:

 

ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2016  ГОДИНА ВО ОУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Бр. Предмет на договорот за јавна набавка/рамковна спогодба Шифра според ОПЈН Очекуван почеток на постапката(месец) Проценета вредност на договорот/рамковната спогодба без ДДВ(денари) Вид на постапка Забелешка
1 2 3 4 5 6 7
I. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на стоки
1. Јавна набавка на средства за хигиена Септември/октомври 50.000,00 Набавка од мала вредност
2. Јавна набавка на материјали за тековно одржување Март/април 100.000,00 Набавка од мала вредност
3. Јавна набавка на екстра лесно гориво Март/април 1.200.000,00 Постапка со барање за прибирање на понуди
4. Јавна набавка на тврдо гориво за греење(дрва) Јуни/јули 80.000,00 Набавка од мала вредност
II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги
1. Јавна набавка на услуги од мобилна телефонија Септември/октомври 80.000,00 Набавка од мала вредност
2. Јавна набавка на услуга за чистење на септичка јама Јуни/јули 60.000,00 Набавка од мала вредност
III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи
1. Јавна набавка  демонтажа, изработка, транспорт, монтажа на ПВЦ столарија,со исполна од ламинирано стакло, соодветен оков и градба

 

Април/Мај 508.475,00 Постапка со барање за прибирање на понуди Дополна на годишниот план за јавни набавки согласно со планираните иобезбедените средства за јавни набавки.

 

Директор

___________________

Дарија Божиновска

Почеток на учебна година

Учебната 2016/2017 година започнува на 01.09.2016 година (Четврток).

I година – 8:00 часот

II година – 9:00 часот

III година и IV година – 10:00 часот

 

02.09.2016 (петок)

I и III година од 7:30 часот (прва смена)

II и IV година од 13:00 часот (втора смена)