Почитувани родители, согласно Упатството за наставници за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на наставате преку далечинско учење/учење од дома (Службен весник на РСМ бр. 76/2020) подготвено од страна на Бирото за развој на образованието и МОН во соработка со Центарот за стручно образование и обука Ве известуваме дека: -Одделенските совети и Наставничкиот совет за успехот, редовноста на учениците за третото тримесечје за учебната 2019/2020 година во нашето училиште беа одржани: 1. Одделенски совет за учениците од I-V одделение на ден 8.4. 2020 година (среда) во 11:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); 2. Одделенскиот совет за учениците од VI-IX одделение на ден 8. 4. 2020 година (среда) во 12:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); 3. Наставничкиот совет на ден 8. 4. 2020 година (среда) во 13:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); Известување за успехот и поведението на учениците ќе биде реализирано на 15. 4. 2020 година (среда), по електронски пат ( email, viber, messenger и слично) на одделенските раководители со родителите на учениците од своето одделение. Со почит, Директор Дарија Ковачевиќ Божиновска

Во услови кога училиштата се привремено затворени, наставниот кадар од нашето училиште во контакт со учениците дава насоки како тие правилно да го исполнат слободното време кое го поминуват дома. Согласно наставните планови и програми, наставниците им даваат активности на учениците од следниот карактер: следење на едукативната програма „ТВ училница“, читање лектири, раскази, песни, прераскажување на текстови, пишување реченици, зборови, решавање задачи и многу други активности. Образованието е заеднички интерес и за наставниците и за учениците и овој процес не треба да трпи застој.

Почитувани ученици и родители, врз основа на донесената одлука на Владата, официјално Ве известуваме дека од утре се прекинува воспитно-образовниот процес во училиштата за учениците и сите вработени во траење од 14 дена, започнувајќи од 11.3.2020

https://vlada.mk/node/20446