Настава

  Задолжителната настава 

Оваа настава се реализира според постојаниот Наставен план за основно училиште. Таа во с. Кучевиште се реализира во две смени и тоа секој наставник ќе останува во училиште во зависност од потребите и часовите кој ги има а дежурните наставници во прва смена од 7:30 часот до 13:30  и втора смена од 12:00 часот до 18:00, а во с.Побожје во една смена и тоа од 7:30 до 13:30 часот во рамките на петдневна работна недела, со вкупно траење на наставната година од 36 работни недели, односно 180 наставни денови.

Школскиот час  ќе трае 40 мин. и доколку не се почитува работното време и работните обврски ќе бидат превземени казнени мерки.

 Изборна настава 

Во нашето училиште по направената анкета и родителите се изјаснија нивните деца да ги изучуваат овие  предмети во IV и V одд ,,Творештво ,, во VI а  одд   ,, Класична култура во европската цивилизација,, и Запознавање на религиите,, во  VI б одд  ,, Запознавање на религиите,, во VII а одд ,, Истражување на родниот крај,,  и ,, Проекти од музичка култура,,     VII б ,,Нашата татковина ,, во  VIII а одд. ,, Техничко образование,,   и  ,, Воспитание на околината,, во  VIII б ,, Унапредување на здравјето,, во IX а одд. ,,Вештини на живеење,, и во IX б,, Танци и народни ора ,,

 Дополнителна настава 

Како во минатите учебни години така и оваа ќе се реализира  дополнителна настава со оние ученици кои од било кои причини (објективни или субјективни)не успеале да го совладаат матерјалот и на кои што им е потребно помош во совладувањето на наставниот материјал и истата ќе трае се додека им е потребна.

Реализаторите на дополнителна настава програмите за работа ќе ги достават до директорот на училиштето до 20 ти септември, а регистрирањето на реализацијата ќе се врши во одделенските дневници

 Додатна настава 

Оваа настава ќе се реализира по скоро сите наставни предмети, по утврдена програма за работа и вклучени ученици, за што потоа ќе биде изготвен распоред на нејзината реализација. Таа ќе биде организирана за оние ученици кои што покажуваат посебен интерес и поседуваат интелектуални способности за стекнување на продлабочени знаења.

Реализаторите на додатната настава програмите за работа ќе ги достават до директорот на училиштето до 20 ти септември, а регистрирањето на реализацијата ќе се врши во одделенските дневници

ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Во оваа учебна година ќе се преиспита практиката на училиштето во поставеноста на ова подрачје од дејноста на училиштето со цел да се постигнат позабележителни резултати во следниве три насоки :

  • зголемување на можностите за вклучување на што поголем број на ученици во воннаставните активности, сообразно на нивните желби, интересирања и афинитети;
  • обмислување на содржински побогати воннаставни активности;
  • пошироко презентирање на резултатите од воннаставните воспитно-образовни активности во локалната средина, на општествено и по можност на државно ниво.

Распоред за дополнителна настава, додатна настава и слпбодни ученички активности во О.У. Св. Кирил и Методиј с. Кучевиште

Ред.
Бр.
наставен предмет наставник дополнителна
настава
додатна
настава
слободни ученички
активности
1 македонски јазик Лиле Бојчевска вторник среда четврток
2 српски јазик Миодраг Рајовски понеделник среда вторник
3 англиски јазик Сузана Костовска вторник понеделник четврток
4 француски јазик Андријана Шегмановиќ петок понеделник петок
5 математика-физика Владимир Костовски вторник четврток понеделник
6 математика-физика Марија Вујичиќ понеделник вторник четврток
7 историја Славица Стефановска среда четврток понеделник
8 географија Лила Василевска четврток четврток четврток
9 етика-граѓанско образование Ирена јошевска вторник среда петок
10 биологија- природни науки Сања Белинска петок вторник четврток
11 хемија природни науки Верче Славковиќ вторник вторник понеделник
12 техничко образование-инфирматика Катерина Рајовска среда понеделник вторник
13 ликовно образование Зорица Кајевиќ четврток вторник вторник
14 музичко образование Ружица Савовска петок
15 физичко и здравствено образование Горан Перовиќ четврток среда петок
16 англиски јазик Александра Пирковиќ Балшиќевска вторник среда петок
17 македонски јазик Весна  Стајковска понеделник среда петок

kimtabela

Согласно Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2016/2017 година неработни денови во нашето училиште се:

  • 8 септември (четврток), Ден на независноста
  • 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
  • 24 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”
  • 19 јануари (четврток) “Водици”
  • 14 април (петок) “Велики петок”
  • 17 април (понеделник) Втор ден Велигден,
  • 1 мај (понеделник), Ден на трудот,
  • 24  мај (среда) „Св. Кирил и Методиј” Ден на сесловенските просветители и патронат
  • 2 јуни (петок) “Духовден”.

Еколошки календар

5 март Светски ден за заштеда на енергија
22 март Светски ден за заштеда на водите
7 април Светски ден на здравјето
22 април Светски ден на планетата
15 мај Светски ден за заштита на климата
31 мај Светски ден против пушењето
5 јуни Светски ден за заштита на животната средина
16 септември Светски ден за заштита на озонската обвивка
22 септември Меѓународен ден без автомобили
08 октомври Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
15 октомври Меѓународен ден на пешаците
16 октомври Меѓународен ден на храната

Ден на дрвото – ден на еколошка акција на младите и граѓаните на Република Македонија – ненаставен ден

Ден на акција на еко – училиштата – се реализира два пати во текот на една учебна година

Ајде Македонија – ден на еколошка акција на младите и граѓаните на Република Македонија

As an example, take a statement like this one:”My intention is to cheap reliable essay writing service succeed academically.