Директор

3183_1055029495333_4359927_n  Дарија Ковачевиќ-Божиновска е родена во Бања Лука, Р. Босна и Херцеговина на 22.03.1969 година. Дипломирала на Педагошка академија 1992 година, а на Педагошки  факултет ,,Климент Охридски’’ – Скопје во 1999 година на насоката професор по одделенска настава.

Својата кариера ја започнува во ООУ Св. „Кирил и Методиј’’ во с.Кучевиште во 1994  година  како наставник по одделенска настава, а од 2003 година, па до денес е директор во истото училиште. Во професионалното портфолио на Дарија се наоѓаат голем број на успешно поминати обуки со сертификати. Континуирано е и надворешен  стручен соработник на Бирото за Развој на образованието, автор е на три учебника по српски јазик како и автор на стручни трудови „Прирачници за српски јазик за четврто и петто одделение’’.

Во својата работа во горенаведената служба, Дарија Ковачевиќ-Божиновска  особено се истакнува бидејќи задачите ги извршува со точност, креативност и брзина што и отвора можности за професионален развој и напредување.

Нејзиниот интерес е работата, којашто секојдневно ја извршува освен од практичен аспект  ја истражува и од научен аспект, односно  навлегува во суштината на појавите и процесите, нивните причинско-последични односи и можностите за нивно подобрување преку алтернативни начини за организација и интерна комуникација со цел на нивното унапредување и постигнување на поголема продуктивност, ефикасност и ефективност.

Директори на училиштето низ годините