За нас

На падините на Скопска Црна Гора, во селото Кучевиште се наоѓа основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, наставата се одвива на македонски и српски наставен јазик. Во состав на училиштето функционира  едно  подрачно училиште во с. Побожје на македонски наставен јазик. ОУ „Св. Кирил и Методиј”, им нуди на учениците одлични образовни можности со цел развивање на интелектуални, креативни, лични, граѓански и социјални потенцијали.

Целта на воспитно образовната дејност во основното училиште е:

  • оптимален развој на учениците
  • стекнување на основни знаења за природата, општеството и човекот
  • развивање на интелектуалните и другите специфични способности и другите вредности на личноста на ученикот, како и оспособување за примена на стекнатите знаења и умеења во секојневниот живот и во натамошното образование.

Приоритетни задачи, на кои ќе се посвети посебно внимание во процесот на воспитанието и образованието, се издвојуваат следниве :

  • овозможување на учениците да стекнат основни знаења, умеења и вештини од сите наставни дисциплини кои, пак, го поттикнуваат интелектуалниот, емоционалниот и естетскиот развој;
  • развој на самостојноста, креативноста и интересот за стрекнување нови знаења;
  • соодветен приод кон секој ученик според психофизичките можности на секој од нив;
  • воспитување за развивање на љубов и почит кон својата татковина, кон нејзините духовни и материјални богатства, со почитување на постигнувањата и вредностите на другите земји и народи во светот;
  • развивање на еколошката свест меѓуетничко  почитување

Мисија:
„Заедно учиме полесно, побрзо и поквалитетно.“

Визија:
Со комплетни кадри реализираме комплетно образование според интересите и потребите на учениците

Лична карта на училиштето
Лична карта на училиштето во село Побожје
Просторни услови за работа на училиштето во село Кучевиште
Просторни услови за работа на училиштето во село Побожје
Податоци за учебна 2016/2017 година Ученици
ПАРАЛЕЛКИ