Почитувани родители, согласно Упатството за наставници за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на наставате преку далечинско учење/учење од дома (Службен весник на РСМ бр. 76/2020) подготвено од страна на Бирото за развој на образованието и МОН во соработка со Центарот за стручно образование и обука Ве известуваме дека: -Одделенските совети и Наставничкиот совет за успехот, редовноста на учениците за третото тримесечје за учебната 2019/2020 година во нашето училиште беа одржани: 1. Одделенски совет за учениците од I-V одделение на ден 8.4. 2020 година (среда) во 11:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); 2. Одделенскиот совет за учениците од VI-IX одделение на ден 8. 4. 2020 година (среда) во 12:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); 3. Наставничкиот совет на ден 8. 4. 2020 година (среда) во 13:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); Известување за успехот и поведението на учениците ќе биде реализирано на 15. 4. 2020 година (среда), по електронски пат ( email, viber, messenger и слично) на одделенските раководители со родителите на учениците од своето одделение. Со почит, Директор Дарија Ковачевиќ Божиновска