Во услови кога училиштата се привремено затворени, наставниот кадар од нашето училиште во контакт со учениците дава насоки како тие правилно да го исполнат слободното време кое го поминуват дома. Согласно наставните планови и програми, наставниците им даваат активности на учениците од следниот карактер: следење на едукативната програма „ТВ училница“, читање лектири, раскази, песни, прераскажување на текстови, пишување реченици, зборови, решавање задачи и многу други активности. Образованието е заеднички интерес и за наставниците и за учениците и овој процес не треба да трпи застој.