На ден 2.12.2020 година беше предадена кинеска донација на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кучевиште. Донацијата изнесува неколку десетици пакети високо квалитетни тефтери за пишување. Ова е прва ваква донација на Кинеската амбасада на општината Чучер-Сандево, поточно на училиштето „Св. Кирил И Методиј“. Една стара кинеска поговорка, на кинескиот филозоф Конфучиј вели дека секое, па дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор. Во таа насока денешната донација имаше голема симболика. Донацијата ја предаде лично Н.Е. кинескиот амбасадор во Република Северна Македонија, г-дин Џанг Ѕуо, придружуван од првиот секретар во амбасадата г-дин Зху Зхибин во име на соработката и крепкост во развојот на мултиетничките општини, каква што е и општината Чучер-Сандево. Амбасадорот Н.Е г-дин Џанг Ѕуо при церемонијата на примопредавањето, на која од другата страна учествуваа г-дин Сретен Милетиќ, хуманитарен и социјален активист од Скопје и директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кучевиште, проф. Горан Перовиќ, напомена дека Н.Р. Кина ја сочинуваат многу народи кои живеат во неа и живеат во заедништво, слога и разбирање со напомена дека истото и го посакува и на Република Северна Македонија. Тој исто така спомена дека неговото искуство укажува на тоа дека на некои места во Кина каде што живеат повеќе народи, на пазарите не е потребно да ги врзуваат своите велосипеди, туку непречено ги оставаат додека пазарат, што говори за високата свест, соживот и развиток во Кина. Кинескиот модел на силна и водечка економија во светски размери, во држава во која живеат многу народи е идеален модел и за македонското општество, а особено општините од мултинационален карактер како што е општина Чучер-Сандево. На средбата од страна на хуманитарниот и социјалниот активист Сретен Милетиќ, беше истакнато дека во мешаните мултиетнички училишни клупи седат деца кои се подготвуваат да бидат одговорни граѓани на подоброто утро што ја очекува Република Северна Македонија, кои ќе допридонесат за општеството на еден високо пријателски и толерантен начин полн со љубов, почитување и заедништво, начин на кој различната етничка припадност зближува, разубавува и краси, а не создава негативни бариери. Во суштина и во каква и средина да се образувани и израснати младите генерации, а тоа е пријателство, братство, разбирање и соживот бидејќи повеќето од нив, учениците се од српско и македонско етничко потекло. Исто така беше доведено до заеднички заклучок дека граѓанските и верските слободи треба да ги уживаат сите граѓани без разлика на нивното етничко потекло и тоа треба да служи како пример за помладите генерации кои треба да го негуваат тоа разбирање и соживот, пренесено од постарите кои со векови живеат едни покрај други во пријателство. Директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кучевиште, проф. Горан Перовиќ и хуманитарниот и социјален активист Сретен Милетиќ им се заблагодарија на кинескиот народ и на амбасадорот на Н.Р. Кина во Република Северна Македонија Н.Е. г-дин Џанг Ѕуо и првиот секретар Зху Зхибин, за оваа прва и почетна донација на училиштето и општината со искрени желби за продлабочување на пријателството помеѓу нашите земји и народи во големата слика на пријателствата и соработката меѓу народите во светот
(Македонски) Прочитај повеќе...
Први октомври, првиот училишен ден од учебната 2020/2021 година. Среќен почеток на сите ученици од прво до деветто одделение.
(Македонски) Прочитај повеќе...
(Македонски) Почитувани ученици и родители, по препорака на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија заради моменталната состојба со пандемијата од КОВИД 19, а во насока на заштита на здравјето на учениците, вработените во училиштето и поширокото население се одложува датумот за земање СВИДЕТЕЛСТВА за сите одделенија од прво до осмо, за учебна 2019/2020 година. Во прилог ОДЛУКА ЗА СВИДЕТЕЛСТВА ЗА УЧЕБНА 2019/2020 ГОДИНА

Порука није доступан на српском

(Македонски) Прочитај повеќе...


Распоред за Додатна и Дополнителна настава за месец декември, за учениците од II до V одделение
(Македонски) Прочитај повеќе...
На ден 2.12.2020 година беше предадена кинеска донација на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кучевиште. Донацијата изнесува неколку десетици пакети високо квалитетни тефтери за пишување. Ова е прва ваква донација на Кинеската амбасада на општината Чучер-Сандево, поточно на училиштето „Св. Кирил И Методиј“. Една стара кинеска поговорка, на кинескиот филозоф Конфучиј вели дека секое, па дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор. Во таа насока денешната донација имаше голема симболика. Донацијата ја предаде лично Н.Е. кинескиот амбасадор во Република Северна Македонија, г-дин Џанг Ѕуо, придружуван од првиот секретар во амбасадата г-дин Зху Зхибин во име на соработката и крепкост во развојот на мултиетничките општини, каква што е и општината Чучер-Сандево. Амбасадорот Н.Е г-дин Џанг Ѕуо при церемонијата на примопредавањето, на која од другата страна учествуваа г-дин Сретен Милетиќ, хуманитарен и социјален активист од Скопје и директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кучевиште, проф. Горан Перовиќ, напомена дека Н.Р. Кина ја сочинуваат многу народи кои живеат во неа и живеат во заедништво, слога и разбирање со напомена дека истото и го посакува и на Република Северна Македонија. Тој исто така спомена дека неговото искуство укажува на тоа дека на некои места во Кина каде што живеат повеќе народи, на пазарите не е потребно да ги врзуваат своите велосипеди, туку непречено ги оставаат додека пазарат, што говори за високата свест, соживот и развиток во Кина. Кинескиот модел на силна и водечка економија во светски размери, во држава во која живеат многу народи е идеален модел и за македонското општество, а особено општините од мултинационален карактер како што е општина Чучер-Сандево. На средбата од страна на хуманитарниот и социјалниот активист Сретен Милетиќ, беше истакнато дека во мешаните мултиетнички училишни клупи седат деца кои се подготвуваат да бидат одговорни граѓани на подоброто утро што ја очекува Република Северна Македонија, кои ќе допридонесат за општеството на еден високо пријателски и толерантен начин полн со љубов, почитување и заедништво, начин на кој различната етничка припадност зближува, разубавува и краси, а не создава негативни бариери. Во суштина и во каква и средина да се образувани и израснати младите генерации, а тоа е пријателство, братство, разбирање и соживот бидејќи повеќето од нив, учениците се од српско и македонско етничко потекло. Исто така беше доведено до заеднички заклучок дека граѓанските и верските слободи треба да ги уживаат сите граѓани без разлика на нивното етничко потекло и тоа треба да служи како пример за помладите генерации кои треба да го негуваат тоа разбирање и соживот, пренесено од постарите кои со векови живеат едни покрај други во пријателство. Директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кучевиште, проф. Горан Перовиќ и хуманитарниот и социјален активист Сретен Милетиќ им се заблагодарија на кинескиот народ и на амбасадорот на Н.Р. Кина во Република Северна Македонија Н.Е. г-дин Џанг Ѕуо и првиот секретар Зху Зхибин, за оваа прва и почетна донација на училиштето и општината со искрени желби за продлабочување на пријателството помеѓу нашите земји и народи во големата слика на пријателствата и соработката меѓу народите во светот
(Македонски) Прочитај повеќе...
Распоред за консултативни-менторски средби
(Македонски) Прочитај повеќе...


Порука није доступан на српском