(Македонски) Почитувани ученици и родители, по препорака на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија заради моменталната состојба со пандемијата од КОВИД 19, а во насока на заштита на здравјето на учениците, вработените во училиштето и поширокото население се одложува датумот за земање СВИДЕТЕЛСТВА за сите одделенија од прво до осмо, за учебна 2019/2020 година. Во прилог ОДЛУКА ЗА СВИДЕТЕЛСТВА ЗА УЧЕБНА 2019/2020 ГОДИНА

Порука није доступан на српском

(Македонски) Во време на далечинско учење, во време на вонредна состојба, кога здравјето на сите нас е на прво место, не забораваме на Патрониот празник на нашето училиште „Св. Кирил и Методиј“. Драги наши ученици, родители и наставници, нека ни е честит „Денот на нашето училиштето“/ У време даљинског учења, у време ванредног стања, када је здравље свих нас на првом месту, не заборавањамо наш Патрони празник „Свети Ћирило и Методије“. Драги наши ученици, родитељи и наставници, нека нам је срећан „Дан наше школе“

Порука није доступан на српском

(Македонски) Почитувани родители, согласно Упатството за наставници за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на наставате преку далечинско учење/учење од дома (Службен весник на РСМ бр. 76/2020) подготвено од страна на Бирото за развој на образованието и МОН во соработка со Центарот за стручно образование и обука Ве известуваме дека: -Одделенските совети и Наставничкиот совет за успехот, редовноста на учениците за третото тримесечје за учебната 2019/2020 година во нашето училиште беа одржани: 1. Одделенски совет за учениците од I-V одделение на ден 8.4. 2020 година (среда) во 11:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); 2. Одделенскиот совет за учениците од VI-IX одделение на ден 8. 4. 2020 година (среда) во 12:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); 3. Наставничкиот совет на ден 8. 4. 2020 година (среда) во 13:00 часот преку видео конференција (ZOOM meeting); Известување за успехот и поведението на учениците ќе биде реализирано на 15. 4. 2020 година (среда), по електронски пат ( email, viber, messenger и слично) на одделенските раководители со родителите на учениците од своето одделение. Со почит, Директор Дарија Ковачевиќ Божиновска